Иако му го прости неверството, Мег Рајан ја раскина свршувачката со музичарот ФОТО

Мег и Џон биле осум години во врска, и покрај тоа што пред четири години ја изневерил, бидејќи таа му простила.

993

Холивудската актерка Мег Рајан (57) деталите од својата врска со актерот Џон Меленкамп (68), се обидува да ги скрие од јавноста, но испливале нови детали.

Осум години биле во врска, и покрај тоа што пред четири години ја изневерил, бидејќи таа му простила. Ја продолжиле врската и се свршиле, но Џон повторно ја изневерил и Мег одлучила засекогаш да ја заврши оваа приказна.

– Сфати дека овојпат навистина ѝ е доста и ја раскина свршувачката. Нималку не ѝ е жал, напротив – рекол пријател на актерката.

Нивната врска започнала во 2010 година кога музичарот се развел од американската манекенка Елејн Ирвин, а љубовта траела до 2014 година, кога ја изневерил Мег со уште една манекенка. Иако се шпекулираше дека Џон е вљубен во поранешната манекенка Кристи Бринкли, на крајот стапи во врска со Мег.

Меѓутоа, Мег и Џон се смириле во 2017 година, а се свршиле пред една година.

FOTO: Instagram/Printskrin

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...