Зошто туристите „полудеа“ по Чернобил, местото на смртта и страдањето? ФОТО

844

Откако серијата на ХБО го заинтригира целиот свет, во Чернобил „цвета“ туризмот.

Илјадници луѓе од сите краеви на светот сакаат да дојдат и да го видат местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото и да ги посетат напуштените згради, градинки, болници и училишта во кои и понатаму сè е онака како што жителите оставиле пред евакуацијата.

Чернобил за туристите е отворен од 2011 година, но досега беше дестинација само за авантуристите. По прикажувањето на серијата таму сакаат да одат и илјадници останати луѓе, а некои селфи фотографии кои настанаа во грозоморното место го згрозија целиот свет.

Во градот Припјат, кој во времето на дефектот на нуклеарната електрана имал 600.000 жители, сè е оставено како кога се евакуирале во 1986 година.

Наместо на летен одмор на плажа, луѓето одат на местото на смрт и трагедија, каде илјадници загинаа од радиоактивното дејство на нуклеарната централа, која изгоре во најголемата хаварија во историјата.

Чернобил е еден од најпопуларните примери на феноменот познат под називот мрачен туризам – термин за посетување места поврзани со смртта и страдањето, како што се нацистичките логори во Европа.

A tour guide with Chernobyl Tours, a company that offers visitors tours of the disaster zone. Picture: Instagram

FOTO:Supplied/Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...