Зошто се урмите најздравото овошје на планетата!

Истражувањата покажуваат дека доколку внесете 370 мг дневно од овој минерал го намалува крвниот притисок.

2348

Овие слатки плодови помагаат за многу здравствени проблеми, а за нивната корист малку се знае. Урмите се корисни во борбата против многу болести.

Богати се со витамини, минерали и влакна, а се верува дека една урма на ден може да допринесе до балансирана и здрава исхрана.

За што сè е добро да јадете урми?

Го намалуваат холестеролот
За луѓето коишто имаат покачен холестерол, урмите се одлично овошје. Се верува дека овие слатки плодови го намалуваат лошиот холестерол во организмот.

Го зајакнуваат срцето и крвните садови
Доколку имате ослабнат срцев мускул или некој друг вид на срцеви заболувања, јадете урми. Оставете ги да отстојат преку ноќ потопени во вода.

Наутро исчистете ги од семките, смелете ги во блендер заедно со вода. Неколку пати дневно консумирајте лажица од оваа смеса.

Го намалуваат крвниот притисок
Урмите се богати со калиум, а содржат многу малку натриум. Порција од пет или шест урми има околу 80 мг. магнезиум, минерал кој допринесува за ширењето на крвните садови.

Истражувањата покажуваат дека доколку внесете 370 мг дневно од овој минерал го намалува крвниот притисок.

Штитат од мозочен удар
Благодарение на богатата содржина со калиум, урмите се покажаа како одлично средство за одржување на здравјето на нервниот систем.

Истражувањата покажаа дека поголем внес на калиум може да го намали ризикот од мозочен удар за неверојатни 40 отсто.

Ја зголемува сексуалната издржливост
Потопете грст урми во козјо млеко и оставете ги да отстојат преку ноќ. Наутро измиксајте ги со млеко, додадете мед и кардамон (вид зачин) и пијте. Овој сируп можат да го пијат и жените и мажите, бидејќи го зајакнува телото и го зголемува нивото на енергија.

Ја јакнат забната глеѓ
Урмите содржат хлор, кој е важен минерал во борбата против кариесот, бидејќи го спречува понатамошното крвавење на непцата, односно забот. Урмата може да се доде на бебе на кое му растат забите да ја шмука. Тоа кај бебето ќе ја намали болката во непцата.

Добра во третманот на рак
Се верува дека урмите имаат делотворно дејство во лекувањето на ракот, што се должи на елементот селен што го има во урми. Урмата е добра за лекување на црниот дроб и чистење на телото од токсични материи. Земањето сок од ова овошје помага во лекување на болки во грлото, разни видови треска и настинка. Урмите се исто така одличен лек за мамурлак.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...