Зошто прабабата му остави повеќе пари на принцот Хари отколку на Вилијам?

Милиони Кралицата Мајка им остави 18 милиони долари на своите правнуци, но на принцот Хари му припадна многу поголем дел.

826

Британското кралско семејство не престанаа да го тресат скандали, а странските медиуми овие денови наголемо пишуваат за нееднаквата распределба на богатството меѓу принцовите Хари и Вилијам.

Финансиски обезбедени

Покојната мајка на кралицата Елизабета Втора, позната како Кралицата Мајка, финансиски ја обезбеди иднината на своите правнуци Хари и Вилијам, но парите не ги поделила на еднакви делови.

Кралицата Мајка им остави 18 милиони долари на своите правнуци, но на принцот Хари му припадна многу поголем дел.

Британските медиуми тврдат дека не се знае точната сума и веднаш почнаа да кружат гласови дека бабата го фаворизирала едниот правнук, но се покажа дека таа имала друга причина зошто така направила.

„Утеха“ за Хари

Имено, кога нивниот татко, принцот Чарлс, ќе седне на престолот, Вилијам ќе има поголема финансиска корист отколку Хари, бидејќи ќе ја преземе приватната сопственост на Чарлс, војводството Корнвол, кое вреди повеќе од парите што ги остави Кралицата Мајка.

Принцот Чарлс на недвижностите од војводството Корнвал годишно има приходи од околу 20 милиони фунти. Но, дури и тоа е „малку“ во споредба со се што го чека принцот Вилијам, а парите од прабабата се „утеха“ за Хари, пишува Би-би-си. Чарлс веќе повеќе од 60 години го чека својот ред за трон на британската монархија и е единствениот член на кралското семејство кое толку долго чекал на круната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...