На гости кај Ципрас – „Со Зоран сме како браќа“
„Ние сме убедени и сигурни дека Г.Заев и Вие оправдано ја заслужувате Нобеловата награда за мир 2019 од едноставни причини што Договорот од Преспа е единствената добра вест во Европа. Впрочем тоа го истакнаа и Генералниот секретар на ООН Гутереш и Председателот на Европскиот Совет Доналд Туск. Тие сугерираа овој договор да биде модел и пример и за останатите конфликти“. Со овие зборови Нобеловката од 2015 Уидед Бушамауи му се обрати на Премиерот на Владата на Р.Грција, Г-дин Алексис Ципрас. Домакинот Ципрас во една опуштена и пријателска атмосфера, прими дел од неформалната група која претходно од Универзитетот ФОН ја иницира номинацијата за Нобелова награда за мир. Притоа скромно истакна дека “е пријатно изненаден но и дека е тоа еден голем комплимент и за него и за Зоран (Зоран), кој ги надминува нивните личности“. „Со голема чест и задоволство заедно со Зоран ја прифаќаме номинацијата за Нобеловата награда за мир, пред се во името на процесот Преспа која значи решавање на еден долгогодишен дипломатски конфликт, кого националистите во двете земји сакаа да го срушат“. Во спонтаниот разговор, исполнет со позитивна енергија, добивате впечаток дека зборувате со еден пријатен, млад и динамичен лидер , со изострен интелектуален порив, кој по обичај не носи вратоврска, и не е роб на дипломатските манири, ниту пак на строги безбедносни стандарди. Постојано е со насмевка, и со респект кон соговорникот, решен цврсто да истрае на својот пат според онаа конфучиевата, „кога ке започнеш нешто оди до крај, бидејки предомислувањето ке значи двоен неуспех“. Зборува разбирливо и едноставно, пријателски и емотивно. Кога сте во друштво со Ципрас не ве изненадува речиси созиевската сличност со Заев. На заминување во еден момент констатиравме дека според морфологијата, според темепраментот и карактерот, дека двајцата си наликуваат еден на друг. Тој не надополнува. „Да, Зоран и јас сме како браќа“. За крај, ветува дека во втората половина на јануари ке им даде интервју на нашите новинари а досегашната резервираност ја објаснува со фактот дека „стравувал да не влијае негативно врз процедурите во Собранието“. На крајот ни пожелува „Честит Божик и Нова Година“на нас и на сите наши граѓани. „Благодариме Г-дине Ципрас“!
Големината на човекот е во неговата едноставност
„…за да бидете голем човек, потребно е претходно да исполните еден услов: а тоа е да бидете човек, едноставно човек“, пишува француската писатела од 19 век Сесил Фе. Такви луѓе постојат и во нашата средина. Често не сме свесни за нивните вредности, нивните каракери, темперамент, нивниот космополитизам се до оној момент кога до израз доаѓаат историските пресврти. Тогаш хуманоста и визионерството ги надминуваат политиката и политичкиот егоцентризам па дури и политиката на „мирен сон и конформизам“. „Зошто да чепкам во тој огнен бунар, кој може и политички да ме проголта“? Со таква рефлексивна логика се китеа сите досегашни македонски и грчки политичари и лидери. Беше потребно на балканската политичка сцена да се појават двајца храбри фајтери како Зоран Заев и Алексис Ципрас кои свесни на нивната историска одговорност, решија да излезат од балкансиот стереотип. Зоран и Алексис кои патем се нарекуваат по име без помпезен протокол, решија да го елиминираат непријателствто и ривалитетот кои имаат централна улога во секој дипломатски спор. Конфликтот Скопје-Атина, кој со српско-косовскиот конфликт и босанскиот експлозивен фитил, се сметаат за најголем геополитички предизвик на Балканот, можеше да се реши исклучиво со заемна толеранција, дијалог и компромис. На тој начин, некогашната политика на „молчење и ривалитет“, „старите облици на конфликти“ или „партизанска дипломатија“ од стилот на Груевски, Вучиќ и Харадинај ја изгубија својата релевантност.
Заев покажа дека со државата не се владее туку се управува
Зоран Заев е скромен човек роден во Струмица, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, и паралелно солидарно работел во семејниот бизнис. Во 2005 бил избран за најмладиот градоначалник во државата во неговата Струмица. По бројните политички турбуленции во 2013 бил избран за Председател на Социјалдемократскиот сојуз а по праламентарните избори од 2016г, после бројни перипетии во 2017г е избран и за Претседател на Владата на Република Македонија. Во епохата на загрозената демократија или демократурата на нашата земја, во периодот помеѓу 2006 и 2017, Зоран Заев го покажува својот лик на храбар борец за правда, слобода и демократија. Во 2012, пратениците на опозицијата беа насилно и нелегално исфрлени од Парламентот од страна на полициските сили, што беше првиот знак на суровоста на тогашниот режим. Во 2016 оточнува “Шарената револуција“ чиј духовен предводник е Зоран Заев. Нејзината цел е “враќање на демократијата“ и “ослободување на заробената држава“. Во 2017 на 27 април, при прогласувањето на новиот Претседател на Парламентот, толпата во синергија со криминалната коалиција и тајната полиција, го завзема Парламентот со цел физички да го елеиминира Заев и неговите најблиски соработници и да изврши државен удар. Иако раскрвавен, Заев храбро со еден гандиевски дух ги издржува сите провокации и физички агресии и излегува како победник од тој историски 27 април. Токму во тие историски мигови, овој млад политичар успева по мирен пат со многу позитивна енергија да ја извлече државата од опасностите на интерните конфликти и граѓанската војна. Реваншизмот, онаа балканска немирна крв наречена „беса“ или „одмазда, не постои во неговиот дух и речник. Неговите главни алатки инспирирани од христијанската филозофија се правдата, пиететот, вербата, љубовта, трпеливоста, мирниот дух. Во тие денови ја промовира и неговата концепција „Едно општество за сите“независно од политичката, верската, половата или сексуланата припадност и ориентација на сите граѓани. Свесен е дека најзначајниот вектор на безбедноста на Република Македонија се стабилните меѓуетнички односи, а на надворешен план евро-атланските интеграции. Внатрешните односи ги стабилизира во коалицијата со партиите на сите етнички заедници.