Зоран Илиоски ја обвини Јанева за флагрантно прекршување на законот

513

Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ го обвини СЈО дека ги прекршува законските норми затоа што и по истекот на 18 месеци ова обвинителство отвора предистражни постапки и најавува нови обвиненија.

Тој рече дека станува збор за флагрантно кршење на законот и дека на тој начин СЈО не им дава никаква правна сигурност на граѓаните.

Илиоски забележа дека во СЈО се ангажирани вештаци кои се во блиски релации со СДСМ, што според пратеникот, остава простор за сомнежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...