Зоо Скопје доби прв еко мини бус

636

Зоолошка градина Скопје го поднови својот возен парк со првото електрично возило, а во план е замена на сите возила со електрични.

Новиот еко бус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри. Во зимскиот период, посетителите ќе може да прошетаат  низ Зоолошката градина движејќи се со електричното еколошко возило.

Благодарение на фирмата „Брегал Доо“ – Делчево, Зоолошка градина Скопје добива електричен еко мини бус за прошетки во зимскиот период, информираа од Зоолошка  градина.

Директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски, и сопствениците на „Брегал“, склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...