Зонско паркирање и зад ТЦ „Три бисери“

207

Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“ по барање на жителите од тој дел на Општина Аеродром, информираат од општината.

ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7:00 до 23:00 часот секој ден освен недела.

Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром.

Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во кол-центарот што се наоѓа зад ТЦ „Бисер“. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг“ http://gradskiparking.com.mk/.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...