Бизнисменот Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец е приведен и донесен на распит во Кривичниот суд во Скопје. Според информациите тој веќе еден час е на распит во судот.
Кичеец се товари за примање награда за противзаконско влијание.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, пред два часа излегоа на прес конференција за отворена истрага за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Осомничени се две лица, тие не соопштија ниту иницијали, но во јавноста одекна дека станува збор за Боки 13 и за Зоки Кичеец.
Двајцата убедувале осомничено лице во истрага, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.