Зоки Кичеец доби 30 дена притвор

1820

Бизнисменот Зоран Милевски познат како Кичеец доби 30 дена притвор. Заменик директорот на Истражен затвор Скопје, Садуш Арифи ова го потврди за ТВ21.

Како што информираат од истражниот затвор, Кичеец веќе е донесен со полициска придружба.

Се чека одлука на судот дали ќе прифати притвор и за Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Зоки Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен. Кичеец и Боки 13 денеска се приведени. Боки  е приведен на граничниот премин Богородица а Кичеец во скопски ресторан.

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...