ЗНМ: Премиерот и министрите да не тужат новинари, медиумите да бидат професионални

562
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари. Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку саморегулаторните тела. Во согласност со добрата практика на Европските земји, прагот на толеранција кај политичарите мора да e повисок и тие треба да постават пример за квалитетно користење на механизмите и телата за саморегулација, соопшти ЗНМ.

– Во исто време ЗНМ и СЕММ ги повикуваат медиумите да се држат до професионалните стандарди при известувањето, објавувајќи проверени и точни информации, следејќи го јавниот интерес, а не во полза на пропагандистички наративи. Апелираме до медиумите да се стремат да ги почитуваат врвните професионални и етички стандарди, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите – велат од ЗНМ и му порачуваат на Основното јавно обвинителство дека непримерно е да дава оценка за тоа кои медиуми се (не)одговорни, потсетувајќи дека тоа е работа на еснафот и на публиката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...