Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи, порача денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
– Оттаму објавата на новинарот Љупчо Златев, објавена на социјалната мрежа Фејсбук во која вели дека Обвинителката Фетаи „Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат..“, може да се смета дека поттикнува дискриминација и нетрпеливост врз основа на пол и национална, односно етничка припадност – се наведува во соопштението на ЗНМ.
Со остра осуда се јавија и од Хелсиншкиот комитет за ширење на сексистички и омаловажувачи говор кон жените, од каде посочија и оти поднеле жалба до Советот за етика.