ЗНМ го осуди нападот на „Заман“ од турската амбасада во Скопје

73
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ја осудува реакцијата на турската амбасада во Скопје, која весникот „Заман-Македонија“ што излегува во Македонија, го нарече „терористички билтен на ФЕТО“.

„За еден весник, кој 25 години излегува во Македонија да се каже дека е терористички билтен на било која организација, е скандалозен повик за линч на неистомислениците.

Очекуваме дека и останатите државни институции ќе го осудат овој чин кој е во насока на задушување на слободната мисла.

Ги охрабруваме колегите од „Заман-Македонија“ да продолжат со својата работа и им нудиме натамошна поддршка во насока на информирање на Меѓународната федерација на новинари за притисоците со кои оваа редакција се соочува во своето работење во Македонија“, наведува ЗНМ.

Реакцијата на турската амбасада во Скопје се случи откако јавно беше објавен податокот дека весникот „Заман-Македонија“ е добитник на финансиска помош од Владата во рамки на проектот за поддршка на печатените медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...