ЗНМ: Владата не е надлежна да ја оценува МРТ

197
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираше на заклучокот на Владата со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија (МРТ). Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето.

„Неспорно е дека МРТ во минатото беше критикувана во повеќе меѓународни извештаи дека пропуштила да известува професионално за настани од јавен интерес. За потсетување, во извештајот на Репортери без граници беше наведено дека реформата во МРТ е изоставена и дека јавниот сервис и понатаму служи на интересите на една политичка партија. Укажуваме дека според членот 104 од ЗААМУ, Македонската радио телевизија како јавен радиодифузен сервис е независна од кој било државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и деловната политика да биде непристрасна кон нив“, наведуваат од ЗНМ.

Сепак, потенцираат дека Владата не е надлежна институција која треба да ја оценува работата на медиумите и ја повикуваат да не се впушта во оценки за професионалните стандарди на медиумите, бидејќи со тоа излегува од својата надлежност и ја презема работата на медиумските (само)регулаторни тела.

„Истовремено, го повикуваме Собранието на РСМ, итно да го продолжи процесот за избор на нов состав на Програмскиот совет на МРТ, како предуслов за реформа на јавниот сервис со што ќе се придонесе кон негова професионализација, кревање на стандардите, но и развивање на дописничката мрежа“, реагираат од ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...