ЗНМ бара под меѓународен притисок да се избришат измените на Изборниот законик

Селмани, како што информираат од ЗНМ, оценил дека законското решение ги враќа на голема врата владините кампањи од времето на режимот на Груевски, кога со јавни пари власта спроведуваше медиумски кампањи за наводните успеси во работата.

372
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Делегација на Здружението на новинарите на Македонија се сретна со претставници на Набљудувачката мисија на ОДИХР, со кои разговарале за измените на Изборниот законик и референдумот, а кои имаат директно влијание врз работата на медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани истакнал дека власта и опозицијата го злоупотребуваат референдумот за да обезбедат финансирање на нивната политичка пропаганда за изборна кампања со јавни пари предизвикувајќи огромни штети врз слободата на медиумите и професионалното новинарство.

Селмани, како што информираат од ЗНМ, оценил дека законското решение ги враќа на голема врата владините кампањи од времето на режимот на Груевски, кога со јавни пари власта спроведуваше медиумски кампањи за наводните успеси во работата.

Тој нагласил дека плаќање на политичка пропаганда во медиумите со пари на граѓаните ќе ги зајакне коруптивните врски на медиумите со  партиите и ќе влијае на нивното известување за политичките процеси во земјата. Според него, меѓународната заедница треба да направи притисок врз власта по одржувањето на референдумот, овие измени да се избришат од Изборниот законик, се вели во соопштението од ЗНМ.

За Селмани апсолутно е неприфатливо владини претставници да прават политички и финансиски притисок врз Македонската радио телевизија во време кога декларативно се залагаат за реформа на јавниот сервис.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски го критикувал однесувањето на Државна изборна комисија, која се обидува да преземе надлежности од Агенцијата за медиуми. Секуловски, смета дека ДИК не може да го оценува известувањето на онлајн медиуми за референдумот и да ги казнува за наводно незибалансирано известување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...