Знаци кои укажуваат на недостаток на јод во организмот

Ако одеднаш почнете да добивате и на тежина, тоа е аларм да појдете на лекар и да утврдите дали недостатокот на јод е уште погласен.

824

Ако вашата коса нагло ви опаѓа, а кожата ви станала сува, тоа би можело да биде првиот сигнал дека вашето тело е дефицитарно со јод. Бидејќи јодот го регулира нивото на хидратација на кожата, го зајакнува и регенерира фоликулот на косата. Ако одеднаш почнете да добивате и на тежина, тоа е аларм да појдете на лекар и да утврдите дали недостатокот на јод е уште погласен.

Кои се уште показатели дека го имате овој проблем?

– Се чувствувате изморено
– Почнувате да заборавате
– Депресивни сте и вознемирени
– Вратот ви отекува
– Срцето чука побавно
– Не успевате да останете бремени

Јодот првенствено игра улога во работата на тироидната жлезда. Таа содржи 70 до 80 отсто јод, но тој е важен и за другите ткива: мозокот, кожата, стомакот, градите и церебралната спирална течност.

Ако заклучите дека на вашиот организам му недостига јод, консумирајте храна богата со јод.

Јодот најмногу го има во морските видови на риба, морските плодови, морковите, спањакот, грашокот, компирите, печурките, јагодите, бананите, зелката, лукот, салатите и во жолчката на јајцето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...