Знамето на НАТО се вее пред македонското Собрание

531

По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Претходно Собранието со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за Ратификација на Северноатланскиот договор, кој ќе стапи во сила по ратификација на Протоколот за НАТО од страна на Шпанија. Македонија по овој чин се очекува да стане 30-та земја членка на НАТО.

Поради парламентарни избори, Македонија денеска предвреме го ратификуваше договорот за членство во НАТО.

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...