Тригодишно дете од дојранското село Фурка веќе неколку дена е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести откако претходно во гевгелиската болница примило серум против змиски отров.
По каснување од поскок на Инфективна на болничко лекување е уште една жена, но лекарите велат дека и пациентката и детето се во добра здравствена состојба. Најважно според инфектолозите е веднаш да биде побарана лекарска помош.
Истражувачите на змии од Македонското еколошко друштво велат дека во просек, возрасен човек од околу 80 килограми има околу 4 часа да добие лекарска помош пред отровот да предизвика комликации во организмот.