Змија каснала жена во Штипско, боса работела во нива

642

Жена од штипското село Шашаврлија пред неколку дена е касната од змија, додека извршувала полски работи. Началникот на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, Дијана Шишкова вели дека жената е во добра здравствена состојба и деновиве ќе биде пуштена.

Инаку, жената е касната од змија додека работела во нивата насадена со грашок, а наместо на нозете да носи чизми, таа полските работи ги извршувала боса.

На штипското Инфективно одделение ова е прв случај на пациент каснат од змија за оваа година. Затоа се апелира земјоделците и сточарите да внимаваат кога ги извршуваат своите работи на нива или пасиштата.

Шишкова забележува дека ги имаат сите потребни серуми против каснување од змии, а во текот на мај имале и неколку случаи со крлежи. Во моментов состојбата со морбили во штипскиот регион се стабилизира, но и понатаму будно се следи, бидејќи инкубацијата на оваа болест е над десет дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...