Златен медал за Абдурахим Идризи

124

Абдурахим Идризи го освои златниот медал во светската Карате 1 Младинска лига во Умаг, Хрватска. Тој во јуниорска конкуренција, во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.

Претходно Идризи забележа четири победи.

Резултати
-55 кг
Абдурахим Идризи – Лукас Томас (Германија) 0-0
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Абдурахим Идризи – Максим Падолски (Белорусија) 2-2
Абдурахим Идризи – Никита Филипов (Украина) 5-0
Финале
Абдурахим Идризи – Максим Краснов (Русија) 7-2

Многу сум задоволен од настапот на нашиот млад каратист Абдурахим Идризи на Светскиот куп кој се одржа во Умаг, Хрватска. Идризи настапи во Јуниорска конкуренција во дисциплината борби во категорија (-55кг), тој забележа пет (5) последователни победи и заслужено го освои златниот медал од ова највисоко рангирано натпреварување кое го организира Светската карате федерација (ВКФ). Најубедливи се победите во полуфиналната и финалната борба кога тој буквалнио ги декласираше своите противници и со голема бодовна разлика успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Идризи со своето учество на последните првенства, докажува дека постепено прераснува во голем карате потенцијал на кој ќе може да рачуна Македонија во иднина – зјави Бошко Заборски, тренер на К.К.Макпетрол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...