На Ајфеловата кула во Париз е поставен зип-лајн за сите кои се зависници од адреналин. Жицата е долга 800 метри и летот почнува од балконот на Ајфеловата кула и завршува на зградата на Воената академија , здание од 18. век.
Оние кои ќе се спуштат на жицата , ќе летаат над Паркот Марс , а летот ќе трае околу една минута со брзина од 90 километри на час.
Атракција е поставена во чест на 130 годишнината од иградбата на Ајфеловата кула.