Зима нема да има?!

1229
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Невообичаено топлото време за овој период од годината ќе се задржи до околу 20. ноември, со максимални температури и до 20 степени Целзиусови, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Според прогнозата за ноември, до 20. ноември во целата земја ќе се задржи главно стабилно и суво време, со студени утра, а дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината. Минималната температура ќе се движи околу нулата на повеќето места, а дневните ќе бидат малку над просекот – од 16 до 21 степен Целзиусов. Според сегашните анализи, околу 20. ноември можно е да има влажен бран со врнежи од дожд во целата земја – прогнозира Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.

Засега, од Управата нема најави за посилен ветер во овој период.

– Во повеќето денови што следуваат, можна е појава на магла по котлините. Само слаб, до умерен ветер ќе дува на некои места – додава Арсовска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...