Тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во пресрет на натпреварот од 2. коло на шампионатот на Шпанија против Ваљадолид изјави дека не може да го замисли тимот без голманот Кејлор Навас.
– Не можам да замислам тим без Кејлор Навас, не размислувам за неговото заминување. Тој секогаш беше важен играч за нас. Кејлор не ми кажа дека сака да си замине. Овде е се уште. Јас не можам да ги контролирам неговите мисли. Кејлор е среќен тука и сака да покаже дека може да игра тука. Тој е професионалец, а јас сметам на него – изјави францускиот стручњак.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид бара замена за Навас и го разгледува голманот на Милан, Пепе Реина.
На прашањето од новинарите до каде се преговорите со Нејмар, Зидан одговори дека се ќе биде познато на 2 септември.
Редовно се појавуваат информации во медиумите дека најскапиот фудбалер на светот може да дојде во Реал Мадрид или да се врати во Барселона. Јас сум уморен од гласините за иднината на Бразилецот.
– Сакам да дојде 2 септември што е можно поскоро. И тогаш овие прашања ќе престанат – нагласи Зидан.
На 2 септември се затвора трансфер прозорецот во Шпанија.
ФОТО: EPA / FERNANDO ALVARADO