Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по победата над Осасуна во 6. коло од Шпанското првенство (2-0), ја истакна играта на талентираните Винисиус и Родриго. Вториот постигна гол само една минута по влегувањето на теренот.
– Задоволен сум од Винисиус и Родриго. Често забораваме дека тие имаат само 18 години. Задоволен сум од двајцата. Ми се допадна како Родриго успеа да ја контролира топката пред голот. Беше феноменално – изјави Зидан.
Реал синоќа против Осасуна ги освои бодовите иако во составот немаше неколкумина стандардни првотимци кои добија поштеда од тренерот.
ФОТО: EPA / J.J. GUILLEN