Медиумите во Шпанија ги објавија финансиските детали за новиот договор од Зинедин Зидан и Реал според кои францускиот експерт ќе заработува по 12 милиони евра годишно. Договорот му е до јуни 2022 година.
Зидан ќе биде меѓу најплатените европски тренери, но не и највисоко платени во Мадрид.
Диего Симеоне во Атлетико заработува 24 милиони евра годишно и во моментов е најплатениот тренер во светот.
Кога Зидан го напушти Сантијаго Бернабеу пред десет месеци, неговата годишна плата изнесуваше 7,5 милиони евра.
„Почетната плата” на Зидан, кога во 2016 година ја презеде функцијата беше „само” 2,5 милиони евра. Кога првпат го освои со Реал трофејот во Лигата на шампионите, тој доби 5,5 милиони евра, а по вториот триумф во елитното натпреварување – 7,5 милиони евра. з