Зеќир Рамчиловиќ е предложен да биде нов потпретседател на Собранието од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.
Плусинфо веќе објави дека Рамчиловиќ со допис го информирал претседателот на Собранието Талат Џафери дека од 1 ноември во Собранието ќе дејствува како независен пратеник.
Групата пратеници барањето Рамчиловиќ да биде нов потпретседател на парламентот вчера го доставиле до Џафери и се очекува тој на таа функција да биде избран на попладневната собраниска седница.
Рамчиловиќ беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Од независните од ВМРО-ДПМНЕ за Плусинфо велат дека за напуштањето на Рамчиловиќ ќе се произнесат на собраниската седница.
Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.