Зеќири: Со Беџети да направиме нарко-тест, ако е зависник ќе му простам и нема да го тужам

834

Доколку би докажал само една од серијата клевети што ги искажа на моја адреса градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети во неговото синоќешно гостување на ТВ21, јас Мухамед Зеќири јавно изјавувам дека ќе се повлечам од политичкиот живот и подготвен сум да сносам целосна морална и кривична одговорност, најави Зеќири на Фејсбук.

– Нема да се повикувам на мојот имунитет кој го уживам како пратеник!!!
Неговите тврдења за моја наводна инволвираност во трговија со мигранти и други изнесени невистини и клевети ќе мора да ги докажува на суд, па макар предметот се паднал кај некој од судиите кои се именувани, или произлегле од тефтерчето на Гордана, Сашо Мијалков, Муса Џафери и лично од Блерим Беџети, пишува Зеќири.

Тој, како што вели, го предизвикува Беџети двајцата да се подложат на нарко-тест и резултатите јавно да ги објават, бидејќи многумина негови познаници тврдат дека е нарко-зависник.

– Ако тоа се потврди, ќе размислам да му простам на суд оти ќе сметам дека не знаел што зборува и дека можеби бил под дејство на наркотици, напиша Зеќири.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...