Зеќири: Само криминалците се против референдумот

648

Дебар ќе гласа „За“ на референдумот, а така ќе биде и во другите градови во нашава земја. Против се само кримниналците во земјава, кои немаат ниту нација, ниту вера. Ова го нагласи на отворената трибина во Дебар потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието Мухамед Зеќири.

-Нема да има привилегирани личности ниту групи и сите ќе бидеме исти пред законот – рече Зекири и додаде дека Македонија во пресрет на референдумот добива и силна подршка од светски лидери.

– Силно веруваме дека на 30 септември Македонија ќе има успешен референдум со што се отвара патот за членство во НАТО и ЕУ. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле кон законот, тоа е и обврска на Македонија пред ЕУ бидејќи реформите мора да се спроведат – рече Зеќири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...