Дали се калкулирало синоќа или не, претседателот Џафери мора да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на прес-конференција, порача Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател на СДСМ откако претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата за имунитетот на Трајко Вељановски ја прекинал поради Зеќири кој го нарушил редот во парламентот.
– Неточни се тврдењата дека имало навреди и пцости кон претсдателот. Тој е искусен пратеник, знае да менаџира и со потензични седниции. Јас побарав од Џафери пред полноќ да го прочита заклучокот за да може да гласаме, но очигледно Џафери чекаше да помине полноќ, а потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа задоволни. Негова должност беше да овозможи да се гласа пред полноќ – изјави Зеќири.
За натамошните чекори со коалицијата, Зеќири рече дека ќе ги кажат откако ќе разговараат во партијата.