Зеќири: Во петок ќе знаеме дали има двотретинско мнозинство

1750

Во петок ќе знаеме дали има двотретинско мнозинство, најави пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири во Топ Тема на Ваша Страна.

Зеќири го праша соговорникот Јанушев како би влегле во НАТО и ЕУ ако не го поддржиме Договорот? Тој додаде дека кој друг би имал легитимитет освен Собранието да го менува Уставот?

– Ги почитуваме законите, референдумот беше консултативен. Доколку не успее во Собрание, одиме на избори. Тоа се опциите кои се пред нас, нема трета – рече Зеќири.

Зеќири му се обрати на Јанушев дека целиот свет гледа во ВМРО-ДПМНЕ и бара одговорност од нив.

– Не можете да излезете од матрицата на Груевски и Мијалков, вие станавте дури и потврди од нив – кажа Зеќири.

– Со носење на оваа одлука, за неколку години ќе не сметаат за херои, а не за предавници – рече пратеникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...