Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, во вечерашната дебата на ТВ 21 истакна дека не е исклучена коалиција со ДУИ на следните парламентарни избори, само под услов ако има нови луѓе во таа партија.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, на прашањето дали опозицијата е подготовена да коалицира со албанска партија, одговори:
– Да, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да коалицира со албанска партија. Ќе видиме со кого после изборите.