Зендели: Изборен законик се менува со консензус

176

Движењето БЕСА нема да поднесе амандмани на предложените  измени на Изборниот законик во Собранието за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и останува на ставот за три изборни единици со отворени листи, изјави денеска пратеникот од БЕСА Фадил Зендели.  Предлагаат наместо сегашните шест изборни единици  во по една да се спојат првата и втората, третата и четвртата и на петтата и шестата.

Прашан дали ќе го бојкотираат гласањето на предложените измени Зендели рече дека не верува оти ќе дојде до такво нешто ако има избори во април. Подносителите и сите кои ги поддржуваат измените треба да сметаат на тоа дека Изборниот законик се менува со консензус и не би требало никој да дејствува еднострано, изјави Зендели во Собранието.

Со една изборна единица со затворени листи, како што наведе, во суштина ништо не се менува, и тоа е само замајување на јавноста дека нешто се менува.

– Ако сакаме да менуваме нешто тоа мора да биде посуштински и порадикално во насока на демократизација. Имам разбирање за политичките партии и помалите етнички  заедници кои бараат Изборниот законик да се менува, но мора да мислиме на целото општество и сите етнички заедници во државата  и во таа насока концептот кој ќе го менуваме или ќе го спроведе треба да биде во согласност со ова – рече Зендели.

Три изборни единици со отворени листи,  појасни, менуваат многу зашто македонските политички партии  функционираат на целата територија на државата, а политичките партии на Албанците само во западниот дел. – Во оваа насока нам како Албанци и како политичка партија не ни одговара да имаме една изборна единица затоа што нема да имаме контрола што се случува во Штип, Струмица… Немаме доверба оти имаме фер и демократски избори и затоа сметаме дека треба да бидат така како што се соодносите во општеството, рече Зендели.

Во коментар за бројните поднесени амандамни од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на измените на Изборниот законик пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Кузмановска оцени дека тука може да се види, како што вели, дволичноста на владејачката СДСМ.

– Требаше првин да си го повикаат својот коалициски партнер кој поднесе околу 5.000 амандамни. Нашите 500-600 амандмани се во насока на давање јасен сигнал дека два месеца пред избори не се отвора  Изборен законик – изјави Кузмановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...