Зендели: Беса нема да го поддржи законот за ЈО

634

Пратеникот на Беса Фадил Зендели денеска изјави дека нема да гласа за потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и дека тие не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот.

Зендели рече дека нема да го поддржат овој закон, бидејќи тој е различен од онаа верзија која што била договарана и е веќе во собраниска процедура пред да биде испратена оваа верзија по скратена постапка.

Исто така, Зендели како и други пратеници претходно, кажа дека со оваа верзија се прави амнестија на високи политичари кои реално, како што рече, биле фатени во криминал, а сега сакаат да се амнестираат.

Пратеникот на Беса потсети дека ништо не е реализирано од она што им било ветено од страна на поранешниот премиер Зоран Заев пред гласањето за уставните измени. Зендели побара измени на Изборниот законик во делот на изборните единици поради зголемениот или намалениот број на гласачи во одредени изборни единици пред да се оди на избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...