Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 18.45 часот е почувствуван во Ресен и околината, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,3 степени, а епицентарот се наоѓал на два километра јужно од Ресен.