Земјотрес од три степени синоќа ја стресе Струмица

165

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 21.40 часот е почувствуван во околината на Струмица, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесувала 2.5.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...