По низата земјотреси со епицентар во Албанија, денеска во 10 часот и 20 минути регистриран е замјотрес и во Босна и Херцеговина.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот беше на подрачјето на Херцеговина, 11 километри од Невесиње и 77 километри јужно од Сараево, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.