Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди Порторико и целосно го уништи еден од најпознатите симболи и една од најпопуарните туристички дестинации во оваа земја. Станува збор за Пунта Венана, природниот срцелик камен, кој илјадници години го носеше епитетот – светско чудо.
Во земјотресот загина и 73-годишен маж кога се срушил ѕид врз него, неколку лица беа повредени, а направена е и голема материјална штета. Снабдувањето со електрична енергија било прекинато на голем дел од островот и било забележана значителна материјална штета, јавуваат властите и медиумите од Порторико.