| Вести денес: 0

Земјотрес во северна Грција, почувствуван и во Македонија

594

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтерова скала попладнево е регистриран во северниот дел на Грција, соопшти грчкиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри јужно од Кожани, а поради јачината бил почувствуван и во Северна Македонија.

Меѓу земјите кои го почувствувале земјотресот се и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Косово, БиХ, Италија и Хрватска.

Засега нема информации за евентуални повредени лица и причинета материјална штета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...