Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5 часот и 47 минути регистрирше земјотрес со епицентар во Грција, 180 километри југоисточно од Скопјe.
Рихтеровата магнитуда на земјотресот е 4,2, а бил почувствуван од населението во јужните делови од Македонија, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.