Земјотрес во Грција, почувствуван и во реонот на Битола

135

Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во северниот дел на Грција, кој бил почувствуван и од жителите на Битола и околината со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот, што се случил во 15 часот и 27 минути, бил на 125 километри јужно од Скопје, на грчка територија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...