Земјотрес со магнитуда од 7.1 степен што ја потресе Калифорнија во петокот остави зад себе голема пукнатина, која, според американски медиуми, се гледа и од Вселената.
Кога почна потресите околу 20.20 часот, почна и јагмата за засолниште. Беше тоа втор силен потрес кој ја погоди областа за помалку од 48 часа. Штетата која настана веднаш беше видлива. Продавниците беа полни со скршени шишиња, лименките експлодираа разливајќи се по подот, а други производи од ѕидовите паѓаа долу.
Кога следниот ден изгреа сонцето, стана јасно дека е променета и топографијата. Сателитските снимки кои „Планет Лабс“ ги достави до Си Ен Ен покажуваат пукнатини близу епицентарот.
Голема пукнатина се прошири од подрачјето на кое некогаш се наоѓаше голема водена површина. Шаблонот на ерозијата на песокот во пустината покажува дека поголем дел од водата е вшмукан. Тоа секако не е единствен доказ дека дошло до промена на топографијата. Автопатот во близина, на пример, исто така е „поместен“.
ФОТО Принтскрин