За страшниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија, а се почувствува и во Македонија, сведочат голем број на фотографии и видео снимки, а една нив ја објави Репорт ТВ.
Станува збор за видео направено кај приморскиот град Каваја, од кое се гледа како огромна карпа односно рид се урива.
Инаку, од првиот силен земјотрес што беше регистрира вчера во 16.04 часот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч, во Јадранско Море се регистрирани серија од најмалку 25 земјотреси, со различна јачина.