Од попладне во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјата. Во текот на ноќта и утре, врнежите ќе бидат пообилни, од 20 до 30 литри ма метар квадратен, а локално ќе има и невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе достигне брзина над 80 километри на час.
Денеска во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер со брзина од над 70 км/час од јужен правец, особено во источните делови.
Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне. Ќе дува повремено силен ветер.
Нестабилноста на невремето е резултат на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса.