Зеленски: Русија да ѝ го врати Крим на Украина и ќе си го поврати местото во Г8

Против враќањето на Русија во Г7 досега се изјаснија британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.

480
ФОТО: EPA / TATYANA ZENKOVICH

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи на Русија да и го врати Крим на неговата земја за да моѓе назад да го добие своеот место во групата највлијателни земји во светот- Г8, пишуваат руските медиуми.

Зеленски на својата ФБ страница напиша дека Русија треба да го прекине конфликтот во источна Украина и да ги ослободи Украинците кои се наоѓаа во руските затвори. На тој начин земјата ќе даде силен сигнал дека „сака мир и е подготвена повторно да го заземе своето место во големата дипломатија”.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со предлогот на неговиот француски колега Емануел Макрон, на средбата на Г7 во САД, во 2020 година, да биде поканета и Русија.

За враќањето на Русија во Г8 Макрон кажа дека тоа би било грешка без пред тоа да не се разреши кризата во Украина.

Против враќањето на Русија во Г7 досега се изјаснија британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.

ФОТО: EPA / TATYANA ZENKOVICH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...