Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека можноста украинскиот патнички авион да е соборен од ракета не е исклучена, но оти се уште не е потврдена.
Тој додаде дека за истрагата за авионската несреќа во која загинаа 176 патници и членови на екипажот во текот на денот ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпе.
Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека доказите укажуваат дека иранска ракета го соборила украинскиот патнички авион. Тој истакна дека нападот „можеби бил ненамерен“.
И американски претставници претходно изјавија дека „многу веројатно“ е иранска противавионска ракета да го собори авионот. И тие претпоставуваат дека нападот најверојатно бил по грешка.