Пратеникот од опозициската партија Сојуз 90-Зелени, Јирген Тритин во денешната дебата во германскиот парламент (Бундестаг) за пристапниот протокол на Македонија во НАТО, отворено ја нападна канцеларката Ангела Меркел.
Тој ја искористи дискусијата за протоколот за НАТО да ја обвини владејачката коалиција на десничарската ЦДУ-ЦСУ на Меркели левичарската СДП за неединство во однос на прашањето за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ.
Тритин отиде и чекор понатаму и изрази сомнеж дека намерата на партијата на Меркел е да го одолговлекува прашањето за преговори со Македонија до доаѓање на власт на Нова Демократија (на Кирјакос Мицотакис) во Грција што би значело блокада на земјава за ЕУ на долг рок.
Пратеникот на зелените ја обвини германската влада дека краткиот рок меѓу објавувањето на извештајот на ЕК и пленарното заседание на Бундестагот воопшто не бил пречка за прашањето за Македонија да се стави на дневен ред.
На неодамнешните европски избори партијата на зелените во Германија постигна историски успех, освојувајќи го второто место (веднаш зад ЦДУ-ЦСУ) со 20,5% од гласовите.
Дискусијата на Јирген Тритин погледнете ја на видеото.