Зелена Лупа: Чавков не смее да биде аболициран, донирал пари за Иванов

888

Евентуалното амнестирање или аболицирање на Митко Чавков од страна на претседателот Ѓорге Иванов, само по себе е „директен конфликт на интереси“, што е спротивно на позитивните законски прописи во државата, посочува претседателот на Здружението Зелена Лупа, Ване Цветанов.

Овој став произлегува од информацијата на Зелена Лупа дека за потребите на изборната кампања во 2014 година, Чавков лично донирал финансиски средства за подршка на тогашниот претседателски кандидат Ѓорге Иванов.

– Митко Чавков како еден од донаторите во кампањата на Ѓорге Иванов не може и не смее да биде амнестиран или аболициран од страна на Претседателот на Република Северна Македонија – дециден е Цветанов.

Од Здружението ги повикуваат Специјалното јавно обвинителство, Државна комисија за спречување на корупцијата и ЈО за гонење на организиран криминал и корупција да ги испитаат овие информации преку законско прибавување на докази за ова тврдење и во рана фаза превентивно да биде информиран и опоменат Иванов дека неговата евентуална намера за амнестија или аболиција на Чавков обвинет за серија кривични дела е спротивно на законските прописи во државата.

– Искрено очекуваме брза, ефикасна и транспарентна реакција од соодветните државни органи за да се спречи уште една непромисленост од страна на непресметливиот Ѓорге Иванов како што беше случајот со амнестиите кои што ја предизвикаа Шарената револуција – се вели во соопштението на Зелена Лупа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...