Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи на својот Фејсбук профил ја критикува денешната изјава на премиерот Зоран Заев, кој праша како е можно четири пријателски земји да дозволат Груевски да побегне.
„Обвинението на Зоран Заев кон соседите поради неговата неспособност (или инволвираност) е скандал кој го надминува самото бегство на НГ. Дали З.З очекувал соседите да уапсат личност за која З.З немал храброст да издаде потерница или го држи под присмотра? Неверојатна хипер-демагогија“, пишува Зеколи.