Зекири: Партиската припадност никого не амнестира!

398

Партиската припадност никого не амнестира, напиша пратеникот Мухамед Зекири, по вчерашниот Централен одбор на СДСМ, не прецизирајќи дали мисли на случајот „Рекет“ каде неофицијално се зборува дека се инволвирани и двајца пратеници на СДСМ.

– ЦО на СДСМ, во проширен состав, во присуство на министри, заменици министри, пратеничката група, градоначалници, претседатели на ОО, СДММ, едногласно ја донесе Декларацијата за бескомпромисна борба против криминалот!

Партиската припадност никого не амнестира!, напиша Зекири на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...