Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири во 24 анализа е категоричен дека власта нема намера никого да штити во случајот „Рекет“.
– Не штитиме никого, тоа и јавно сме го кажале, ниту еден нема да штитиме. Ако некој, било кој и е да е, ќе си договара. Кој и да е вмешан треба да си одговара – изјави Зекири.
Зекири потенцираше дека ако СДСМ влијаело врз судството, сите од ВМРО-ДПМНЕ ќе биле уапсени.
На прашањето дали има фотографија со Бојан Јовановски, Зекири одговори – Апсолутно не.
За законот за јавното обвинителство тој рече дека кога ќе се најде заедничко решение, тогаш ќе има договор и дека преговорите се уште не се завршени, целта е постигнување на договор во интерес на правдата.
Зеќири истакна дека СДСМ е подготвена опозицијата да предложи нов обвинител кој ќе има кредибилитет да ги гони криминалците и да ги расчистува сите отворени предмети.
– Но, ВМРО-ДПМНЕ бара обвинител кој ќе ги амнестира криминалците и криминалите на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што е целосно неприфатливо – истакна Зеќири.
Тој ги отфрли обвинувањата на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ дека судиите се под влијание на СДСМ истакнувајќи дека денес се гради независен судски систем и дека СДСМ нема никаква контрола на судиите и судството во државата.